Повик за нискобуџетни авио-компании од Охрид

Владата бара нискобуџетни компании кои ќе понудат евтини летови од Охрид.

Според извори од Министерството за транспорт и врски за што пишува alsat-m.tv, предност за добивање на државна субвенција ќе имаат компаниите кои ќе понудат нови дестинации и линии кои би сообраќале од охридскиот аеродром Свети Апостол Павле. Од Владата велат дека Охридскиот аеродром во иднина треба да ги зголеми капацитетите и ќе се промовира како аеродром со атрактивни авио – линии за мали пари.
„Интенцијата е Охридскиот аеродром да се зголеми со број на нискобуџетни компании и се со цел со поврзувањето да видат бенефит македонските граѓани“, рече Горан Сугарески – министер за транспорт и врски.
Информацијата за оваа новина е веќе готова и се чека само да добие зелено светло од Владата. Министерот Сугарески вели дека до крајот на април треба да се има и првични сознанија кои сè компании би биле во игра за добивање на државни субвенции за евтини летови.Досега во земјава тоа го нудеше „ВИЗ ЕР“. Тие имаа обврска од Охридскиот аеродром да има барем една таква нискобуџетна линија. Сега, од операторите ќе се бара да имаат повеќе летови токму од Охрид. Од „ВИЗ ЕР“ велат дека договорот им истекува во јуни, но не ја исклучуваат можноста да аплицираат за нови евтини линии.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани