Ветераните задоволни од „Езерската средба- 2018“

Ветераните задоволни од „Езерската средба 2018“.

 

Една првобитна замисла – да ја прославиме правата 10 годишнина на нашата, Општинска организација на Зружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, со вклучувањето на локалната самоуправа и градоначалникот професор д – р Јован Стојаноски, лично – во својство на покровител, прерасна во “Езерска средба – Охрид 2018”, за на крајот – со големата поддршка на помагателите “Скопско пиво”, “Супер маркети-Тамаро” и “Омега-Транс”, да заврши како Балканска средба.

Описот, на импресивен и пластичен начин, го даде нашиот пријател и другар, генерал Филип Котели, претседател на Зружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија :”Никогаш досега, во Охрид, немало толку генерали и полковници на квадратен метар,како што беше денеска на балканската “Езерска средба” на ветераните од одбраната и безбедноста”.

Ја должам, и сакам јавно да ја испорачам огромната благодарност и признателност кон покровителот, градоначалникот Стојаноски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани