Граѓанската иницијатива „Македонија пред се“ информира дека на ден 01.04.2018 г. (недела) на градскиот плоштад во Охрид во 12:00 часот ќе го организира вториот од серијата народни протестни собири против злоупотребата на државните институции од страна на владата а на штета на македонскиот народ и држава.
Ние како граѓанска иницијатива бараме:
-Повлекување на насилно донесениот закон за јазици
-Поништување на таканаречениот договор за добрососедство со Бугарија
-Неменување на уставното име на Република Македонија со цел влез во НАТО и ЕУ
-Ослободување на сите притворени и осудени поради настаните во собранието на 27.04.2017
Понатаму сакаме да потенцираме дека граѓанската иницијатива „Македонија пред се“ се противи на „безалтернативноста“ наречена „Евроатлански интеграции“, т.н. опција која упорно не уценува и ни го разорува националното ткиво.Особено не сега кога новите светски геополитички промени ни отвораат една нова и реална перспектива а тоа е соработка со Русија,Кина и Евроазиската унија која е во подем и нуди недвосмислена соработка на рамноправни основи и со взаемно почитување а кои не се условени со никакви понижувачки уцени.
Исто така сакаме да ја истакнеме нашата поддршка за председателот Ѓорѓе Иванов за неговата одлука да не го потпише насилно донесениот закон за јазици и да му порачаме дека ние сме со него.
Затоа ве повикуваме сите,без оглед на вашата партиска припадност и идеолошка определба, да дојдете и заедно да кажеме едно големо НЕ на уцените и обидите за уништување на нашиот народ и држава.
Со добра мисла и со Господ напред, порачуваат од „Македонија пред се“
