Чавков вратен во Шутка

Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во времето на крвавите настани во Собранието, Горан Ѓошевски, од обезбедувањето на поранешниот спикер Трајко Вељановски, Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање синоќа повторно се приведени, и се пренесени во Истражниот затвор Шутка, потврдија за Нова од Кривичниот суд.

 

Определена им е мерка притвор од 30 дена поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Кривичниот совет делумно го прифатил барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција кое вчера поднесе обвинение против 30 лица за насилствата во Собранието од 27 април лани и притоа побара и враќање на мерките притвор и куќен притвор за обвинетите.

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против М.Ч., М.П., Д.Л. О.П. и Г.Ѓ, донесе решенија со кои делумно го уважи предлгот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од КЗ, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП, информираат од Судот.

Против овие решенија, како што посочуваат од Судот, странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решенијата до Апелационот суд – Скопје.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани