Поранешниот директор на ЈП „Градски гробишта“, извршил проневера во службата. Тој добил кривична пријава.
Според соопштението објавено на сајтот на МВР, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С. (45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. З.С. во текот на јануари минатата година, во својство на директор на Јавното претпријатие ,,Градски гробишта”-Охрид, склучил договор со еден мобилен оператор во износ од 120.000 денари како субвенции за јавното претпријатие за купување мобилни телефони и лап топ комјутер. Тие не биле евидентирани во пописните листи на Јавното претпријатие „Градски гробишта“. По завршувањето на функцијата З.С. мобилните телефони и компјутерот не ги вратил назад во Јавното претпријатие.
