Граѓаните стравуваат од поскапување на цените пред Велигден

Една недела пред Велигден граѓаните стравуваат од поскапување на цените на пазарите.

 

По традиција секоја година пред најголемиот христијански празник Христово воскресение поскапуваат цеите на овошјето, зеленчукот и јајцата.

Потрошувачката моќ на граѓаните е се  послаба. Се купува овошје и зеленчук колку за да има за празничната трпеза.

Табла јајца чини од 160 до 240 денари.Во четврток и петок се очекува и да се зголемат цените. Оваа недела ќе биде потрошувачкиот шпиц и на пазарите и во супермаркетите каде потрошувачката се зголемува за повеќе од 20 отсто.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани