Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ синоќа одлучи пратениците да се вратат во Собранието, соопшти партискиот лидер Христијан Мицковски.
ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за работата на Владата, веднаш откако ќе се врати во Собранието.
-„Оваа влада е најнеспособна од независноста на Македонија. Криминалот и корупцијата станаа заштитен белег на оваа Влада и мора да си одат. На надворешен план водат штетна политика без резултати, а на внатрешен план политика без концепт и сериозна идеја“, рече Мицкоски.
