Охридското езеро 3 см над критичната кота

Нивото на Охридското езеро и натаму расте. Денешната кота е 694,03 што е 28см над максимална кота (693,75 м.н.в.) или 3 см над критичната кота.

 

И најмали бранови преполнатото корито се излева и го поплавува градскиот кеј.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по невремето, состојбата во охридско-струшкиот регион дека  е нормализирана. И покрај прелевањето на акумулацијата Глобочица, по течението на Црн Дрим нема опасности за причинување штета на патот Струга-Дебар.

-„Надлежните субјекти целосно ја следеа состојбата, согласно насоките кои претходно беа договорени и по престанување на невремето пристапено е кон санирање на последиците и причинетата штета. Најпогодена беше крајбежната линија на потегот од населба Канео до централното градско подрачје во Охрид, а во Струга делот од машка и женска плажа“, информира  ЦУК.

 

 

Social profiles