Во Охрид денеска отпочнува студентскиот филмски фестивал „Филмоција“.
Третиот студентски филмски фестивал „Филмоција“, содржи многу проекции на филмови, работилници и мини концерти. Организатор на фестивалот е Инситутот за филм – филмска Академија Охрид.Фестивалот почнува со филмот „Руфтоп стори“ на Газменд Нела. Филмските проекции ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид, а влезот е бесплатен. Третиот студентски филмски фестивал „Филмоција“ ќе трае до 6 април.
