„Враќање кон корените“ во Охрид со документарен филм за животната приказна на дете-бегалец

Културниот настан „Враќање кон корените“ ќе се одржи в четврток, 24 септември, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Настанот, чиј автор е режисерот Петро Алексовски од Полска, се организира со поддршка на Полската амбасада во Македонија, а почетокот е во 19 часот. Влезот е бесплатен.

Во рамки на програмата се предвидени обраќања на претставник на Полската амбасада, претставник на Општина Охрид и режисерот Петро Алексовски.

Централниот дел од настанот ќе биде проекцијата на документарниот филм „Македонецот“, создаден според вистинската животна приказна на таткото на режисерот, Мито Алексовски, кој бил дете-бегалец од Егејска Македонија.

Како дел од настанот ќе биде поставена и пропратната изложба „Мајко мила“.

„Враќање кон корените“ во Охрид се одржува на 24 септември, со почеток во 19 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, а влезот е слободен.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани