Општина Охрид свикува собири на граѓани на кои ќе се врши избор на совети на месните заедници. Собирите се организираат врз основа на Законот за локалната самоуправа, Статутот на Општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа.
Први на распоредот се Пештани и Елшани. На 5 октомври, во 17:30 часот, собирот за Месната заедница Пештани ќе се одржи во основното училиште, додека во 19:30 часот е закажан собирот за Месната заедница Елшани, исто така во основното училиште.
На 6 октомври, во 17:30 часот, ќе се одржи собир за Месната заедница Куратица, во основното училиште, односно во домот во селото. Во 19:30 часот е закажан собирот за Месната заедница Косел, во основното училиште, во старата општина.
На 7 октомври, во 17:30 часот, ќе се одржи собирот за Месната заедница Велгошти во основното училиште, а во 19:30 часот собирот за Месната заедница Лескоец, во основното училиште, односно во домот во селото.
На 8 октомври, во 17:30 часот, е закажан собирот за Месната заедница Вапила во основното училиште, а во 19:30 часот собирот за Месната заедница Ливоишта, исто така во основното училиште.
На 9 октомври, во 17:30 часот, ќе се одржи собирот за Месната заедница Орман во домот во селото, додека во 19:30 часот е закажан собирот за Месната заедница Подмоље во домот во селото, односно во црквата.
На 13 октомври, во 17:30 часот, ќе се одржи собирот за Урбаната заедница 16 „Рача“ во основното училиште. Урбаната заедница 16 „Рача“ го опфаќа југоисточниот дел од градската територија и се граничи со собирната улица „С-12“ – патот за Велестово и границата на опфатот на градот на исток, булеварот „Свети Наум Охридски“ на запад, границата на УБ 17.3 од УЗ 17 на север и границата на опфатот на градот на југ.
Истиот ден, во 19:30 часот, ќе се одржи собирот за Месната заедница Горно Лакочереј во трпе
