Александар Китески назначен за секретар на општина Охрид.
Китески е дипломиран правник, пво 2017 година беше и директор на ЈП Охридски Комуналец.
-Голема е одговорноста којашто денеска ја добив од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, Д-р Кирил Пецаков да ја извршувам функцијата Секретар на Општината.
Гарантирам и се обврзувам пред Охриѓани на чесна и одговорна работа, посветеност, ред и дисциплина.
Општинската администрација го заслужува тоа затоа што нејзините атрибути се стручна, професионална и одговорна администрација.
Нашата цел е истата да биде ставена во функција на народот, затоа што Охрид и Охриѓани го заслужуваат тоа, напиша Китески на својот фејсбук профил.
