Започнува изградбата на „Македонски Просветители“ , најави градоначалникот Кирил Пецаков.
Завршена е целокупната докуемнтација, останува тендерирање на некои постапки во однос на осветлувањето. Рокот за изградба на овој значаен проект е шест месеци.
– Ќе имаме комплетно ново булеварско решение, двосмерна велосипедска патека, две пешачки патеки и две коловозни ленти. Паркингот ќе биде префрлен од друга страна. ќе имаме косо паркирање под агол од 45 степени, изјави Пецаков на денешната прес конференција.

-Промените во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика на активности оние кои се започнати и голем број нови проекти кои беа ветени во програмата. Ветувањата кои ги дадовме пред граѓаните да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина и да покажеме дека не сме сите исти. Народот сака резултати и реализација на исполнувања на ветеното тоа не прави различни. Ке се обидеме на локално ниво да покажеме дека можело поинаку“, рече Мицковски претседател на ВМРО ДПМНЕ.

