Професор во струшкото средно училиште „Ибраим Темо“ претепал ученик

Професор во струшкото средно училиште „Ибраим Темо“ претепал ученик.

Инцидентот се случи денес  во претпладневната смена. 57 годишниот професор по вербална расправија со метален предмет го удрил ученикот по глава. 

Поведеното момче било пренесено на лекување во струшката болница. 

Директорката Бесиме Јонузи во изјава за Охриднет.ком вели, инцидентот се случил после вчерашна расправија на професорот со мајката на ученикот, која му била колешка. 

Професорот после свикана дисциплинска комисија итно е суспендиран од работа. 

Од полицијата го потврдија настанот:

На 23.12.2021 година во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште “Ибраим Темо” во Струга го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. Се работи на целосно расчистување на настанот, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани