Учениците од „Ванчо Питошески“ зготвија оброци за социјално ранливите граѓани.
Учениците од РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид, го реализираа проектот Училишна иницијатива. Во рамките на овој проект беа реализирани низа активности меѓу кои и хуманитарна акција. Учениците од образовните профили готвач и угостителски техничар, приготвија бесплатни оброци за социјално ранливите семејства и со помош на Црвен крст-Охрид истите беа доставени.Со љубов приготвени, со љубов подарени, велат од школото.


