Свети Спиридон Чудотворец

Православните христијани денеска го слават денот посветен на Свети Спиридон Чудотворец.

Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Спиридон Чудотворец. Овој голем Божји човек бил еден од големите светители во 4 век. Роден е во источниот дел на Средоземното море на југот од Мала Азија на островот Кипар. Потекнувал од многу сиромашно земјоделско семејство, обдарено од Бога со многу деца. Се оженил доста млад и Господ му дал дечиња, по смртта на неговата жена, Свети Спиридон решил да живее исклучиво Богоугоден живот и целосно се посветил на Бога.Бил смирен по срце и благ по нарав. Целиот свој имот што го имал им го раздал на сиромасите, кој ги сакал искрено, како што заповеда Господ: хранел бедни и сиромашни, примал странци во својата куќа. Господ му помагал во неговите добри дела, каде му дарувал сила на чудесен начин да исцелува болни. Поради неговиот благочестив живот бил избран за епископ во градот Тримифунт. Научен на скромност тој и понатака живеел како беден човек и никогаш не обрнувал внимание на неговиот надворешен изглед, без разлика на титулата што тој бил Епископ.Неговото тело и денес е сеуште цело и нераспадливо, што е најголемо чудо над сите чуда, бидејќи знаеме дека се упокоил во 4 век. И не само тоа, туку на неговиот гроб и денес се случуваат многубројни чуда во славата на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани