15 годишно момче фатено со 120 петарди.
На 24.12.2021 година во 13,10 часот, при преглед извршен врз 15 годишно момче од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 120 различни видови пиротехнички средства-петарди што нелегално ги поседувал. Тие се одземени и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
