Зголемен бројот на новозабоени од корона во Вевчани

Зголемен бројот на новозаболени од корона вирусот во општина Вевчани. Од средината на јануари до денес се бележи нагло зголемување на лица инфицирани со Ковид 19.

Во општината каде речиси 80% од возрасното население е вакцинирано, за само за една недела има 75 новозаболени пациенти. Дваесетина од нив се лекуваат во дневната ковид болница на Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“.

Зборувам само за Вевчани, на бројка од 2500 жители , каде што имаме вакцинираност од преку 80%, значи исклучително е голема бројката на новозаразени. Моментално имаме негде околу 16 пациенти кои се на лекување во дневната болница која ја активиравме, Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Вевчани.

Иако е сериозна бројката на новозаболени, клиничката слика кај пациентите е релативно лесна, во однос на претходните бранови на пандемијата. Според здравствените власти тоа се должи на големиот опфат на вакцинација.

„Помалку се испраќаат во Струга и бидејќи опфатот на вакцинација е голем мислам дека тоа е причина што клиничката слика е многу полесна на заболените во овој бран. 0209 Имаме бустер дози, во Вевчани се некаде околу 360 бустер дози дадени заклучно со денешниот ден, а реков дека вакцинираноста во Вевчани е некаде 80% , а на ниво на здравствен дом е некаде околу 52% со две вакцини. Сега бустер дозите околу 90% се дадени токму во Вевчани. Заинтересираноста за трета доза е помала во околните места во однос на Вевчани каде е седиштето на здравствениот дом, додава Стојкоски.

Во амбулантите во Лабуништа и Велешта состојбата е постабилна, таму нема голем број на новозаболени. Во овој регион покритично беше во претходните месеци. Според надлежните, иако во овиј бран нема голем број хоспитализации, голем е бројот на пациенти кои користат амбулантно лекување и прегледи.

„Иако со претходните варијанти на вирусот беше помала бројката на заболени, но процентот на хоспитализирани беше поголем. Сега имаме поголема бројка на заболени, но бројот на пациенти кои што ги третираме е еднаков, да речеме мегу 20 до 30 дневно како хоспитализирани во дневната болница кај нас овде“, додава Стојкоски.

Во Струга ковид состојбата е стабилна. Во модуларната болница хоспитализирани се само 11 лица од нив шест се на кислородна поддршка. Во болницата има 23 слободни кревети.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани