Ученици од Охрид создадоа апликација за пријавување диви депонии

Ученици од средното стручно електро-машинско училиште „Св. Наум Охридски“ во  Охрид, ја создадоа првата апликација за подигнување и промовирање на еколошката свест.

Апликацијата TrashPinger, ќе послужи како еко-аларм,  за пријавување диви депонии во градот, а потоа преку координација со ЈП Охридкси Комуналец и невладините организации  нивно расчистување.  Младите понудија современа и иновативна можност за зачувување на чиста и здрава животна средина.  Идејата е на учениците, а се роди поради тоа што заедно со менторката често организирале еко акции.

-„Оваа апликација ја правиме од октомври 2022 година, кога започнавме со Грин тек натпреварот. Грин тек беше натпревар кој што се одржуваше за еко прептрпиемачи и ние освоивме на тој натпревар прво место“, вели  Климент Маријаноски генерален менаџер во тимот.

– „Задолжен сум за табелите, активниот и пасивниот дел на нашите придобивки и самиот профит на нашата апликација“, вели Дарко Крлески финансиски менаџер на компанијата.

– „Ние до нашата идеја стигнавме со спроведени 10 еко акции видовме дека многу ѓубре се собира на истите места, откако ќе исчистиме и дојдовме до оваа идеја како еден начин да го решиме проблемот со загадувањето во Охрид“, вели Ана Спироска маркетинг менаџер на компанијата.

Можно е да е слика од 6 луѓе и текст

Учениците од втора година од комјутерска техника и автоматика,  се закитија со награда прво место за еко претприемачи за 2022 година  и се пласираа во најдобрите  25 компании, на Џуниор ачивмент во земјава.

-„Откако ние ќе добиеме пријава, ние ја известуваме комуналната служба, еко здруженијата и ние како волонтери можеме да помогнеме во расчистувањето на тој отпад“, вели Александар Спасеноски администратор во компанијата.

-„Нашиот тим брои пет членови плус нашиот ментор. Добрата тимска работа е клучот за постигнување успех“ , вели Ана Атанасоска менаџер за човечки ресурси.

Интересно е што со пријавувањето на отпад и диви депонии, лицата кои пријавиле добиваат бенефиции, односно попусти за користење на одредени  услуги во градот Охрид. Се собираат поени, а се освојува и награда.

-„Можам да кажам дека децата самостојно си ги сработија сите работи, јас тука бев како нивна поддршка и координација. Целта на овој проект е да се подигне јавната свест кај населението, колку е важно да внимаваме и да придонесуваме за почист и поубав Охрид, вели Ирена Ралева Најдевска професорка – ментор на учениците.

Апликацијата Траш Пингер  е единствена платформа во земјава од ваков тип, а  веќе се користи, се‘ повеќе корисници пријавуваат диви депонии.

Апликацијата може да ја спуштите на овој линк 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани