Сите патишта во Горна Дебрца се исчистени и проодни

Општина Дебрца со сите расположливи екипи и механизација во текот на ноќта и утринава работеше на расчистување на патиштата по снежните врнежи. Градоначалникот Златко Сиљаноски информира дека лично бил на терен во текот на целата акција, а патиштата во Горна Дебрца се целосно исчистени и проодни.

Тој посочува дека во одредени села има значителна снежна покривка, поради што општинските екипи продолжуваат да ја следат состојбата и да интервенираат каде што е потребно.

Од Општината уверуваат дека активностите ќе продолжат сè додека не се обезбеди пристапност и безбедност во сите населени места.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани