Со света архиерејска литургија, утрово во катедралната Света Софија во Охрид се одбележа годишнинатата од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква -Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ).

Оваа богослужба има историска важност бидејки го означи обединувањето на трите црквени структури: МПЦ ОА, СПЦ и ПОА на Вранишковски.

По одлуката на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието минатиот месец за доделување канонски отпуст на Православната Охридска Архиепископија (ПОА) на Вранишковски, и нејзино интегрирање во МПЦ-ОА, четирите владици на ПОА, задно со свештениците се враќаат во МПЦ-ОА. Јован Вранишковски стана митрополит на МПЦ ОА.
Оваа одлука ќе биде потврдена и на Синодот на МПЦ ОА на 20 ти јуни.
– „И во тешките две и пол столетија во неканонското забранување на дејноста на Охридската архиепископја како богољубив народ покажавме дека нашиот однос со Бога е толку длабок, што никакави надворешни историски условиени пречки не можат да го нарушат“, изјави г.г. Стефан Архиепскоп на МПЦ-ОА.
Голем број свештени лица, владици,монаси, митрополити и верници денес беа дел од богослужбата на обединување, љубов и разбирање.

-, Не постојат повеќе цркви, постои само една света соборна и апостолска првославна црква ,постојат организации и администрација епископии,митрополии на афтекефалните цркви.но секоја афтокефлана црква је во нераскинлова врска со сите други помесни цркви“ – изјави Порфириј Патријарх на СПЦ.
Македонскиот архиепископ г.г. Стефан го одликуваше патријархот Порфириј со орден Свети Климент Охридски, а Патријархот за возврат му го подари својот жезол.

– „Одличието орден на Свети Климент Охридски од прв ред се доделува на неговата светост Патријархот Српски г. г. Порфириј за покажана љубов кон македонската православна црква и кон благочестивиот македонски народ,посведочена преку доделување на Томосот за афтокефалност на МПЦ ОА, изјави Климент-епископ на Преспанско-пелагониска епархија.

Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни лани му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ да ја одобри автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

Новинар Соња Рилковска
