„Храбро срце“ со реакција за разрешувањето на директорот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија

Во мое лично име, но и во име на НЗ ,,Храбро срце” Ви се обраќам со протест против неоснованите и недолични постапки на актуелниот Министер за здравство, кој го разрешува директорот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. До кога сѐ што е добро и напредно, ќе го уништуваме. Имено, Професорот ја основаше оваа клиника, ја доведе до Европско ниво, а за нас, пациентите со срцева слабост е најзаслужен затоа што ги воведе програмите за имплантација на вештачки срца и програмот за трансплантација на срце во Републиката.
Но, нашата борба за нашето здравје и живот продолжува и сметаме дека е срамно да се смени од водечката позиција и да го изгубиме во странство, исто како, заради ваков пример и неговите следбеници.
Се надеваме дека ќе има некој во оваа држава да изреагира и ќе се поправи оваа голема грешка, Васко Јолески – претседател на НЗ”Храбро срце”.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани