Се затвора патот кон Галичица, охриѓани негодуваат планината треба да биде достапна и во зима

Охриѓани  бараат безбеден пат за НП Галичица.  Во време кога градот се гуши од загаден воздух и живописната природа им е недостапна.

Патниот правец Охрид Ресен преку Галичица во зима е затворен за сообраќај. Пристапен е само до месноста Корита, но и тоа е ризик, бидејќи  е  небезбеден.  Нема банкини, сигнализација, заштитни мрежи, често има одрони   и е  широк  само 5 метри.

Анкетираните граѓани велат патот треба да се одржува, а не да се затвора.

Најубавото нешто е Галичица, најчист воздух  да се надишиш да прошеташ во недела празник кога е а зимата не можеме да одиме

Тој пат има доста одрони треба државата да преземе ингеренции

Многу е важно и многу е добро да биде отворен патот за да избегнеме загадување

Срамота е странци доаѓаат и за нас охриѓани треба во секое време,  да се изградат одмаралишта станици да седнат туристите

Убаво е да има проток Галичица е е прекрасна планина

Треба да биде отворен да може народ со кола или пеш да види природа

Со затворањето на патниот правец кон Галичица  се зголемува  ризикот за оние  кои не се откажуваат од планината. Најголем број од интервенциите на Планинската спасителна служба се врз заглавени возила и завеани лица токму во националниот парк.

-За жал најчесто интервениравме на заглавени возила иако апелиравме луѓето да ги почитуваат забраните бидејки за жал патниот правец ќе речам и ние би сакале да е отворен, но е затворен и секое непочитување на поставената сигнализација е прекршок и загрозување на сопствената безбедност, вели Антонио Додески од ПСС  (Планинска спасителна служба) Охрид.

Охридскиот регион е далеку од развој на планински туризам, многуте проекти останаа само на хартија. Пред повеќе од 40 години патот се одржувал,  а Галичица била главен  излетничко-рекреативен центар за локалното население.

 

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани