2024 година генерално успешна на музички план. Охридските рок поп ѕвезди годината во заминување ја оценуваат како плодна, велат во неа се родија многу музички творби, настани, концерти за паметење.
Една од нивните забелешки е тоа што домашните пејачи не добиваат доволно простор во медиумите кои се преплавени со музика од регионот . Сметаат дека треба поголемо внимание да се обрне на македонската музика за таа да го добие заслуженото место. Но сепак се задоволни.
2024 година беше релативно успешна за композиторот Јовица Каралиевски.
– Ќе ја паметам по тоа што направивме една многу оригинална соработка за нив нешто ново да не речам ги извадив во етерот со Брос и Марама направивме две оригинални нумери со која настапија и на Охридфест тоа ми е новитет за 2024 година. Тие се дечки кои растураат на ноќни свирки а не беа појавени со сопствена нумера, вели Јовица Каралиески композитор од Охрид.
Охридската забавна сцена е атрактивна. Во градот има многу квалитетни музичари, но, патот до успехот е тежок ако не си во метрополата. Среќа е што во туристички Охрид има голем број локали каде музичарите приредуваат забави и во лето и во зима. Охридските музичари велат , така успеваат да живеат од музика.
-Од музика може да се живее во Охрид треба да си само сто посто насочен ако си така насочен има пари може да се опстане од музиката има пари каде што има туристи има пари, вели Тони Јованоски од бендот Камелеон.
-Во моментов има работа за сите работат кафулињата, не е како сред лето но мсилам е во ред. Има доста бендови нови за сите има работа сите се дружат работат. Не се случи нешто спектакулрано, мислам некој значаен проект, но свирки да. Имавме некои турболенции во бендот промена на пеач пејачка и се помина добро публиката добро не прифати, вели Петар Трифуноски музичар.
И за групата Камелеон изминатава 2024 е успешна создадоа авторски музички дела кои ќе бидат објавени идната година.
– Успешно ја завршуваме годината со многу настапи иаме голем број настапи претежно низ Охрид. Ретко нешто надвор немаме време за такви авантури. 1929 Позитивно, задоволни, успешно преуспешно, се надеваме дека 2025 ке биде како непарен број многу поубава од оваа, вели Тони Јованоски басист од бендот Камелеон.
Продуцентот Димче Китрозоски во своето студио во Охрид годинава продуцираше голем број песни и аранжмани. Тој 2024 ја оценува како музички богата.
-„ 2024 Доста богата на музички план, иамвме доста настапи во студитото се испродуцираа моеби 300 400 песнички во различни жанрови иамевме доста настапи концерти забави 13049 Можам да дадам позитивна оценка имаме доста локали кои континуирано имаат нокна забава , дури во поразвиените држави нема толку свирки колку во нашиот град вели Димче Китрозоски музичар и продуцент.
За неговата сопруга изминатава година и не беше многу успешна, но вели позитивна е и верува дека 2025 ке донесе поголеми професионални успеси.
-2024 година не можам да кажам дека беше најдобрата за мене бидејки на приватен и професионален план се поврзани а на приватен план имав осцилации имав загуби на драги личности па имав и една повреда па направив една поголема пауза што значи дека 2024 не ми беше баш најдобрата година. Сепак имавме ангажмани правевме творевме песни. Јас се надевам дека 2025 ќе биде екстра година па после дождот доаѓа сонце па мислам дека сонцето ќе изгрее за мене, вели Жармена Китрозоска пејачка.
Во Охрид има многу квалитетни музичари. Над 90 проценти бендовите во Охрид работат со кавери кои им се интересни на публиката.
-„2024 година беше плодна година за музиката бедновите функционираа одлично а се надевам 2025 ќе продолжиме исто. Работевме доста на авторска музика свиревме и доста свирки во градот се надевам дека 2025 ке биде исто толку плодна ке бидеме среќни весели и на сите им посакувам добро дека ке сме радосни весели и ке има музика уште повеќе, .Мартин Милески гитарист и композитор од Охрид.
Во Охрид забавна музика изведуваат педесеттина луѓе, активни се 13 бенда кои свират преку цела година.









