ЈУБИЛЕЈ: Нуга Бест Охрид пет години успешна приказна

Препознатливиот салон за здравје  „Нуга Бест“ Охрид слави пет  успешни години.

Салонот е дел од светска Nuga Medical компанијата,  која осми пат по ред  е прогласена за бренд број 1 во областа алтернативната медицина. Распространета е во над 150 земји во светот и брои 5.500 центри, во Охрид е присутна јубилејни  пет години.

Нуга Бест Охрид слави 5 успешни години со повеќе илјади задоволни клиенти. Многу од нив инвестирале во медицинските производи за домашна употреба зависно од нивниот проблем и го почуствувале правиот благодет по нивното здравје.

Марина Златеска, менаџерот на „Нуга Бест“ Охрид, вели најголемиот успех за неа се сведоштвата на задоволните клиенти.

-Пет години многу труд и напорна  работа, но задоволните  клиенти се нашата енергија.  Нашиот приоритет  е превенција, здрав животен стил,  но секако и  третирање на сите здравствени проблеми со помош на нашите врвни медицински производи на Nuga Medical компанијата.  Мора да признам дека сум горда на успешните третмани, на илјадниците задоволни клиенти. Нивната насмевка и благодарност се нашиот поттик и во иднина да продолжиме со исто темпо. Постоиме за Вас. Здравјето нема цена, вели Златеска.

Се работи за модерна медицинска технологија која се препорачува за секого почнувајќи од 4 години па се до најстара возраст. Се третираат сите деформитети на рбетниот столб, но терапијата помага за лекување на астма, несоница, алергии, депресија, намален имунитет.

-Голем е бројот на здравствени придобивки меѓу кои детоксификација на телото, регенерација, забрзување на метаболизмот и ослободување на болки зависно од деформитетот. Креветот N5 за топлинска масажа, се покажа како многу ефикасна терапија против ревматизам, артритис, болки во вратот, р’бетот и слично. Со редовна употреба, му помага на телото да го обнови имунолошкиот систем со обезбедување на потребните услови за тоа. Покрај терапиите во салонот за здравје има можност за набавка на медицински производи дел од палетата на Нуга Бест, кои се специјално дизајнирани за третмани и во домашни услови, вели Златеска.

Моќта и ефикасност на терапијата во Нуга Бест се потврдени, за бенефитите и благодетите раскажуваат задоволните пациенти.

Терапијата е наменета за секојдневна употреба!

По повод роденденот и годинава Нуга Бест Охрид доделува бесплатни третмани, попусти на ваучери и медицински производи.
Резервирајте термин на 076 748 363

Среќен роденден Нуга Бест Охрид!

ФОТОГАЛЕРИЈА

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани