Општина Охрид преку секторот за Туризам и локален економски развој организира обука за припрема и организирање на обуки за жени претприемачи.
Цел на обуката:
Оваа обука која ќе се одржи во месец април 2025 година со место на одржување во
Касарна HUB – Охрид, има за цел да ги зајакне капацитетите на жените преку
стекнување на нови знаења и вештини во областа на деловно планирање и
претприемништво. Обуката ќе им помогне на жените од општина Охрид кои сакаат да
започнат свој бизнис или веќе управуваат со сопствен бизнис не повеќе од три години.
Клучни теми:
✅ Како се утврдува проодноста на деловна идеја
✅ Подигнување на капацитетите за деловно планирање
✅ Креирање на нови производи и услуги, нивна промоција и пласирање на пазар
✅ Подобрување на квалитетот на животот на жените преку економско зајакнување
✅ Инклузија на жените во општина Охрид
✅ Вмрежување и поврзување на жени претприемачи
Кој може да учествува?
-Жени од општина Охрид кои сакаат да започнат сопствен бизнис
-Жени кои веќе водат бизнис не подолг од три години
Како да се пријавите?
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на контакт тел. 070 841 266 или
преку испраќање на пријава на worldsmarteducation@yahoo.com
Рок за пријавување: 03.04.2025
