ТППЕ Охрид оценува висок степен на загрозеност од пожари. Велат , според наша интерна проценка нашиот регион кој го опслужуваме го делиме на два дела:
Загрозеност на градот и населените места.
Загрозеност на шумите.
Степенот на загрозеност во Стар град културно – историски споменици од непроценливо значење е висок поради тешко пристапни улици ,збиена архитектура, несоодветна и нефункционална хидрантска мрежа.. Таму има голема опасност и од блоковски пожари !
Степенот на загрозеност во централното градско подрачје е исто висок поради градежна експанзија , тешко пристапни локации и патишта, нефункционална внатрешна хидрантска мрежа во колективните станбени објекти,градби без пп скали за евакуација…
Степенот на загрозеност на населените места и периферијата е исто висок, поради ограничен пристап до одредени населени места , намалување на брзината на дејствување поради далечината,зголемена можност од шумски пожари…
Од ТППЕ Охрид – Пожарна велат стојат на располагање на сите институции, школи , објекти… , се со цел реалистично увежбување на плановите за евакуација , давање на совети и препораки.
