По повод 22. Март – Светскиот ден на водите учениците од деветто одделение од ООУ „Григор Прличев“ истражуваа за климатските промени и нивното влијание на температурата на водата во Охридското Езеро.
Користејќи податоци од интернет за температурата на водата во Охридското езеро, учениците ги истражуваа промените на просечната температура на водата, како и нивното влијание врз растителниот и животинскиот свет во езерото. Учениците ги анализираа собраните податоци и донесоа заклучоци дека просечната температура во езерото се зголемува како последица на климатските промени. Укажаа дека е неопходно преземање мерки за заштита на природата и намалување на негативните ефекти од климатските промени. Учениците дадоа и препораки за заштита на екосистемите, ублажување на негативните ефекти преку одржливи еколошки практики, како и препораки за зголемување на едукацијата и свеста за климатските промени.
