Солидна исполнетост на сместувачките капацитети на брегот на Охридското Езеро. Забележително е присуството на голем број туристи. Во викенди најбројни се туристите од соседните земји, но ги има и од европските, оние кои се дел од Балканските тури.
Овој Рамазански викенд има организирани групи од Турција, Србија, Црна Гора, Хрватска и Албанија. Претсезонскиот пролетен период навестува плодна туристичка сезона.
-Има доста групи и очекуваме тој тренд да продолжи во наредните месеци. Посебно се очекува поголем број на групи и наплив на туристи за Велигденските и за Првомајските празници, но исто така може да кажеме дека согласно најавите кои ги иамме ни престои една успешна сезона, изјави Јаким Маленко туристички работник од Охрид.
Оваа сезона нема да има драстично поскапување на цените на сместувањето и угостителските услуги. Охрид е најбарана и најатрактивна викенд дестинација за соседството со најпристапни цени.
-За разлика од стандардот кај нас не е скапо, Охридското Езеро секој го остава без текст тоа се најголемиот број на коментарите на луѓето кои го посетуваат Охрид. Дводневен аранжман со две ноќевања, појадок, туристички водич и превоз чини околу 80 евра , вели Дејана Булатовиќ туристички водич од Црна Гора.
-Во поглед на цените остануваме се иште како една ппоатрактивна дестинација да кажам поекономична но можам да кажам дека цените бележат тренд на покачување глобално во хотелско угостителскиот сектор, но не само кај нас туку во светки рамки. Се надеваме дека тој тренд ќес е стабилизира, додава Маленко.
Оваа сезона се очекува зголемен број туристи , кои што ќе доаѓаат и преку охридксиот аеродром. Започна летниот ред на летање, седум авио превозници, ќе летаат до 8 различни дестинации.
Новинар Соња Рилковска
