ВМРО ДПМНЕ: Охриѓани знаат да направат разлика меѓу оние кои работат и неосновано критикуваат

Реакција на ВМРО ДПМНЕ на обвинувањата од ОК на СДСМ.
-СДС Охрид и Шајн се служат со празни зборови, пред почекот на реализација се катната гаража и плоштадот кај чинарот
(Реакција на денешната прес-конференција на СДС Охрид)
СДС Охрид и нивниот политички неискусен претседател, Асен Шајн, продолжуваат со празни фрази и политички манипулации, обидувајќи се да ги минимизираат реалната работа и конкретните резултати што ги испорачуваме пред охриѓани.
Реконструкцијата на плоштадот „Крушевска Република“ не е „едно големо ништо“, туку обемен зафат по повеќе од децении запоставување. Три години го кочевте издавањето на мислењето од Националната комисија за УНЕСКО при Министерството за култура, за да може да се издаде одобрение за градба и да се распише тендер за изградба на плоштадот.
Затоа сега откако сте опозиција и на централно ниво проектот е пред почеток и избран најдобар понудувач.
Истата Комисија ја кочеше и Катната гаража, но заврши и тоа, па изградбата на катната гаража не е „мисловна именка“, туку реален проект со кој Општина Охрид аплицираше на јавниот повик на Министерството за локална самоуправа.
Три години кочници и застој, но конечно по тие години застој и неодговорност, токму од нивна страна, охриѓани има да добијат современо паркиралиште што ќе го растерети централното градско подрачје, како и нов плоштад кај чинарот.
За сите активности се работи системски и темелно, со акцент на урбана естетика, достапност и функционалност, нешто што СДС за време на нивното владеење не ни започна да го разгледува.
Охриѓани гледаат, паметат и знаат да направат разлика меѓу оние кои работат и оние кои критикуваат без аргументи.
Јасно е како ден дека сте политички неискусни и не сте за да се занимавате со политика, затоа што сте експерти за деструктивна реторика и затоа ве повикуваме на конструктивност и поддршка на проектите од интерес на сите охриѓани, стои во соопштението од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани