Со свечена приредба, во ОУ Братство и Единство, беше одбележан јубилејот – 80 години македонска современа азбука – кирилица.
Премиерно беше прикажан документарниот филм посветен на хронолошкиот развој на нашата азбука, а воедно и на развојот на македонската книжевност. Филмот беше изработен од учениците од VII до IX одделение, под менторство на наставничките по македонски јазик.
Свеченоста ја збогатија звуците од виолината на Бисера Радеска, ученичка во IV одделение, интерпретирајќи ја мелодијата ,,Охрид, Охрид убав мил”, како и ритмичките точки од учениците од I, II и IV одделение од училиштето во Лескајца, мотивирани од македонската азбука и од татковината.
Со ова, учениците ја докажаа својата љубов и грижа кон македонскиот јазик и го продолжија аманетот на Блаже Конески кој нѐ учи дека јазикот е единствената наша татковина.




