Професорот Речкоски на 6та Светска конференција за менаџмент на туризмот

Професорот  д-р Ристо Речкоски  од Охрид учествуваше со свој научен труд од областите на правото и туризмот во Македонија, на 6та Светска конференција за менаџмент на туризмот низ континентите – Туризам за подобар свет, која се одржа во Истанбул, Турцијa.
На оваа конференција учествуваа повеќе од 400 учесници, со над 300 трудови од педесетина земји од сите континенти во светот.
Нашиот професор беше единствен од регионот и достојно ја претстави како нашата институција – Факултетот за туризам и угостителство Охрид, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, така и нашата држава Република Македонија.
 Покрај другите значајни активности, тој оствари контакти со врвни светски професори, кои се во редот на најистакнатите од оваа област во целиот свет, како проф. д-р Димитриос Бухалис од Универзитетот Бурнмаут во Обединетото Кралство, кој е во топ 3 професори од оваа област во целиот свет, со проф. д-р Џин Хои Чан од Универзитетот во Кембриџ, одделот за судии, Гринвич, Обединето Кралство, со домаќинот проф. д-р Мухарем Туна, Претседател на ТУАДЕР (Асоцијација на сите турски академски кадри од туризмот), како и со претставник на коорганизаторот проф. д-р Мухамед Кесгин, од Меѓународниот колеџ за угостителство и иновации од Рочестер Институтот во САД, информираат од ФТУ Охрид.
 Од страна на проф. д-р Ристо Речкоски сите овие врвни стручњаци се поканети да ја посетат нашата земја и институција и да биде остварена научна и стручна соработка. Ваквата соработка и вмрежување овозможува поголема промоција на нашата институција и нашата земја.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани