На 07.05.2025 во 12 часот СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид во соработка со ЈП “Билјанини извори”-Охрид организира хуманитарна трка “Од срце трчај со срце дарувај за Кочани”.
Трката ќе се одвива на потегот од почетокот на кејот пред „Харбор“ до „Куба Либре“, со должина од 3 км. Средствата ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Трката ќе биде во категории ученици, наставници и родители.
Програмата ќе започне во 11.00 часот со кратка програма и загревање на учесниците. Кутии за донации ќе бидат поставени во должина на Кејот Македонија.
Време на реализација 11:00 – 14:00 часот (07.05.2025).
11:00 – 11:30 Отворање на настанот и пристигнување на учесниците
11:30-11:45 Показна вежба на тимот за прва помош при СОСУ,,Св.Кирил и Методиј“ Охрид
11:50 Загревање на учесниците
12:00 Старт
13:00 Доделување на награди
