Охриѓанецот Марко Томоски – државен првак по математика за шесто одделение

Марко Томоски, ученик во шесто одделение од  ООУ Григор Прличев Охрид, го освои првото место на државниот натпревар по математика, со што стана државен првак во својата категорија. Државниот натпревар се одржа на 3 мај 2025 година, а дополнителното тестирање за избор на првак се одржа на 18 мај, каде што Марко го покажа своето извонредно знаење и логичко размислување.
„Математиката ми е омилен предмет. Со задоволство решавам задачи и ми претставува предизвик секогаш да најдам точно решение“, вели Марко, кој со својата упорност, љубопитност и посветеност стана пример за своите врсници.
Овој извонреден успех е резултат на континуиран труд, поддршка од наставниците и семејството, како и љубовта кон математиката која Марко ја покажува уште од најмала возраст.
Честитки за Марко и му посакуваме уште многу успеси во иднина!
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани