Во текот на утрешниот ден 23 мај (Петок) предвидена е акција за заловување на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на териоторијата на општина Вевчани заради понатамошен стручен третман.
Со оглед на тоа што при реализирање на минатата акција беа заловени и домашни миленици (кучиња) кои во моментот на спроведување на акцијата се затекнати на улиците, апелираме до сопствениците истите соодветно да ги згрижат, информираат од општина Вевчани.
