Во Вевчани ќе се набавува специјална машина за чистење на канализационите линии.
-Зајакнување на техничките капацитети на јавните комунални претпријатиа е предуслов за навремена и квалитетна испорака на комуналните услуги.
После набавката на ново специјално возило за собирање на комунален отпад, продолжуваме со инвестиции за набавка на нова опрема за потребите на Ј.П. Еремја Вевчани. Во партнерски проект со Центарот за развој на Југозпадниот плански регион обезбедивме средства од Министерство за локална самоуправа за набавка на нова специјална машина за одзатнување на канализациони линии под висок притисок, информираат од општина Вевчани.
Со реализацијата на проектот ќе се овозможи брзо одзатнување на запушени канализациони линии на територијата на општина Вевчани и заштеда на финансиски средства со оглед на тоа што до сега се изнајмуваше ваков тип на опрема од приватни економски оператори.
