Кочоски: Посебно се заблагодарувам на моите сограѓани Вевчанци кои ја даваат поддшката

Градоначалникот на општина вевчани, Спасе Кочоски, се заблагодари и на партијата и на вевчанци за дадената поддршка. Тој ќе биде кандидат за градоначалник по втор пат.

-Почитувани, најнапред сакам да ја изразам мојата почестеност да бидам повторно предложен за градоначалник на општина Вевчани од страна на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ. Посебно се заблагодарувам на моите сограѓани Вевчанци кои ја даваат поддшката за повторно да бидам кандидат за градоначалник на Вевчани, поддршка која за мене е особено значајна и драга и без која не може да се дојде до целта. Тоа за мене претставува уште поголема обврска и одговорност за да го продолжиме патот на промените за заедничка иднина. Нема запирање, напиша градоначалникот на Вевчани Спасе Кочоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани