Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер на Античкиот театар синоча беше отворено годинешното 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето“.
Како и секоја година за свеченото отворање се избираат посебни содржини со особен квалитет, така и годинава вљубениците во класичната музика на Античкиот театар уживаа во посебно уметничко доживување, едно свеовидно музичко-визуелно патување со импресивни видеопроекции и употреба на најсовремени визуелни технологии за кои е задолжен дизајнерот Рафаел Карико.
Фестивалот „Охридско лето“ го започнува своето јубилејно издание со вечер што ветува силна емоција и уметност што трансформира.








