Општина Охрид, со богата програма ќе го одбележи Илинден. Годинава настаните ќе бидат во чест на три големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.
Чествувањата започнуваат од вечерва, со изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ , која ќе се одржи во 19:30 часот во Лапидариумот кај Спомен куќата на Робевци . Настанот ќе биде збогатен со настап на младите охридски музички изведувачи Мила Тренеска, Билјана Буџакоска и Дарио Тренески.
Утре ќе се одржи настанот „Ноќ спроти Илинден“, предвидено е обраќање од градоначалникот Кирил Пецаков.

