Пчеларското здружение Охрид деновиве организира саемска манифестација „ Пчели и Мед“. Од вчера попладне па се до утревечер туристите и охриѓани ќе може да се запознаат со локалните производители на мед во Охрид и охридско. На тезгите изложени се сите производи од мед. На манифестацијата учествуваат 8 пчелари, регистрирани примарни производители.
-На оваа манифестација, локалните жители и туристите ќе можат да вкусат локални производи, исклучиво манифестацијата е локален характер, на неа излежуваат п челари од Охридскиот регион. По неколку години пауза пост-ковид периодот, оваа година се улучивме повторно да ја заживееме и се надеваме дека таа традиција ќе продолжи и понатака, вели Наум Трпчески претседател на Здружението на пчелари Охрид.
Саемот е организиран од страна на Здружението на пчелари во соработка со секторот за туризам
и локален економски развој при Општина Охрид.
34








