Се одржа третото издание на Night Car Show

Синоќа, под отвореното небо во Охрид, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите кои ја делат истата страст – љубовта кон автомобилите. Ова не е само настан, ова е своевидна изложба на технологијата, дизајнот и креативноста.
На настанот присуствуваше и градоначалникот Пецаков.
Секој автомобил има своја приказна. Секој е дело на посветеност, трпение и страст. Од класичните убавици кои го носат духот на минатото, преку современите суперѕверки кои ги поместуваат границите на брзината, до уникатните модифицирани возила кои ја отсликуваат личноста и карактерот на нивните сопственици.
Овој настан е посветен на возачите, на ентузијастите, на механиката, на дизајнерите односно на љубителите на уникатните авотмобили. Вие сте срцето на оваа автомобилска култура, напиша Пецаков.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани