Повеќе од една година не е извршена трансплантација на срце

Четириесетгодишниот Васко Јолески од Струга , пет години живее  со  механичка пумпа за поддршка на срце и чека трансплантација.  Неговиот живот  е потполно зависен од батерии и струја. Сонот е да добие нова шанса за живот.

Уште триесеттина лица во земјава ја делат истата судбина со него, најмладиот има само  дваесеттина години,  а најстариот 55  години.

– Сите наши секојдневни обврски ни се со намален капацитет, не може да се бањаме како што треба,  дури и да се храниме не може како што треба, имаме ограничена изхрана, медикаментите се повеќе и повеќе се сголемуваат како што минуваат годините, вели Васко Јолески претседател на НЗ Храбро срце.

Досега во земјава не е направена ниту една трансплантација кај лица со механичка пумпа, а повеќе од една година  не е извршена  трансплантација на срце  воопшто.

– Иако ние сме најкритичните, оние кои што практично со пумпите  само купуваме време за да може да дојдеме до онај момент за решение на нашиот проблем. Секојдневно се продлабочува проблемот, вели Јолески.

Надлежните велат  има стручен кадар, но нема доволно органодарилтели.

-Новиот национален координатор за транспонтација работи  наполно да ги исполним условите за членство во „Евротрансплант“  што би требало да олесни пристапот  до органи. Не е проблем кадровскиот екипираност на македонското здравство, вели  Сашо Кленковски директор на Фонд за здравство.

Пред неколку денови имало донор на срце, но ниту еден од листата на пациенти не бил компатибилен, па шансата пропадна. Потребно е да расте свеста за органодарување, во моментот кога згаснува еден,  да се спаси  друг живот.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани