Извонредна изведба на копродукциската премиера на Охридско лето

Громогласни аплаузи и смеа на синоќешната премиера.
Синоќа, во рамките на меѓународниот фестивал Охридско лето, на големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше изведена  премиерата на еден извонреден копродукциски проект меѓу НУ Драмски театар Скопје, Белградски драмски театар, Градски театар Љубљана и ЈУ „Град театар“ Будва.
На претставата присуствуваше и министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
-Претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме, своето не го даваме“ ја задржува автентичната форма на комедијата, но во исто време носи свеж пристап што ја издвојува од раниот драмски опус на Душан Јовановиќ.
Особено значајно е што претставата е посветена на петгодишнината од смртта на авторот Душан Јовановиќ, еден од најзначајните драматурзи на просторот на поранешна Југославија.Незаборавно театарско доживување кое вреди да се погледне. Честитки за колегите, напиша министерот Љутков.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани