Понзатиот изработувач на оригинални охридски бисери и Почесен конзул на Р Србија со седиште во Охрид, Михајло Филев подари вредни подароци на манастурот во Тумане.
Денес, моштите на светиите беа украсени со нови филигрански влечки и навлаки за раце, дело на Михајло Филев. .

„Моја гордост и моја голема чест е што бев поканет да направам дело, од срце и душа, за благослов на сите нас православни христијани и за сите луѓе во светот. Тоа беше моментот кога бев инспириран да создадам реликвија што ќе остане врска помеѓу два братски народа – српскиот и македонскиот – и целата православна вера“, рече Филев.
Три месеци работа – филигран направен од чисто сребро
„Работев на ова три месеци, со максимална посветеност. Сè е направено од филигран направен од чисто сребро и украсено со охридски бисери. Ова дело е бесценето, бидејќи е направено за Божји благослов, за да се заштити човештвото и нашите два братски народа, вели Филев.

