Со европска премиера на театарската претстава „Приказната на Електра“, во режија на Дејан Пројковски се спушти завесата на 65.издание на фестивалот „Охридско лето“. Станува збор за копродукциски проект со тетарската асоцијација од Јужна Кореја, драмско доживување кое го привлече вниманието на 43-тиот Корејски театарски фестивал во Инчон.
– За прв пат на фестивалот Охридско лето, така и го завршуваме фестивалот со спектакуларни визуелни трансформации и визуелни ефекти. Маестралниот Дејан Пројковски, како и еден од најстакнатите македонски режисери на денешницата, заедно во копродукција со Националниот театар од Кореја , вели директорот Ѓорѓи Цуцковски.
Полни гледалишта, аплаузи, бисови, незаборавни имресии и уметнички доживувања го одбежаа јубилејното издание на фестивалот Охридско лето.
– Посебно сум горд на самиот податок што од спектакуларното отворање па до денес затворањето на фестивалот, имаме статистички рекордна посетеност, рекордна продажба на билети, рекордни финанси од нашите спонзори и помагатели, голем број на уметници од сите светски меридијани, уметници кои што ретко настапуваат во денешницата, ,додава Цуцковски.
Изминатите 40 фестивалски денови најпрестижната културна манифестација во земјава донесе врвни уметнички содржини и настани, а стотици домашни и светски уметници од музичката и драмската сцена оставија свој личен белег.
Новинар Соња Рилковска



