Пуштен дел од автопатот од Климештани до Охрид

Денес беше пуштен   во употреба дел   од автопатот Кичево Охрид, на потегот од  село Климештани до главниот туристички центар Со ова заврши изградбата над 50%  на една од најтешките делници во државата.

-Дденес имаме Меѓународен аеродром Свети Апостол Павле автопатски поврзан,  што е огромна работа, двата  аеродроми во Македонија да бидат автопатски поврзани,  како би се с зголемил  авио  собраќајот, на кој што многу работиме, зголеми бројот на туристи кои што дајаѓаат во Македонија,  на луѓе кои што сакаат да прават бизнес или на луѓе кои што едноставно сакаат да ја посетат, истакна Александар Николоски министер за транспорт.

-Делот од делницата што го пуштаме во употреба денес е уште еден чекор напред и мотив да продолзиме со уште по голема решителност и одговорност ком конечната цел. Тоа е воспоставувење на собраќај  по целопупната должина на автопатската делница. Со вакви дела ја исполнуваме таа обврска и создадаме подобри услови за нас и за новите генерации кои доаѓат, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

-Сакам да напоминам дека ова е една од најтешките делници која што е правена во Македонија.  Зошто е најтешка? 02:18 Пореди тоа што се прави на постојан асфалт, на постојан патен премен  И вториот проблем кој што беше огромен, а тоа е што поминува низ пет населени мести.  Тоа се Мешеишта, Требеништа, Горенци, , Оровник и Подмолје, истакна Коце Трананоски директор на ЈПДП.

Државава   се искачи  меѓу петте европски земји   со најголема стапка на раст на бруто домашниот производ. Во  вториот квартал македонската економија има реален  раст од  3,4%, рече премиерот Мицковски.

Споделувајќи ги позитивните економски параметри, премиерот потенцираше дека   изминативе седум месеци  извозот расте  многу  побргу од  увозот, а со извозното ориентирање се намалува трговскиот дефицит.

-Ако минатиот квартал, првиот квартал, бевме на четвртото место, сега го делиме третото место со Хрватска.  Пред нас е Ирска и Кипар со 3,6%.  Исто така, дозволете ми да ви информирам дека мерките на владата  и активната работа која што ја правиме из минатиот период генерираа нови 10.000 работни места., рече Мицковски.

Изградбата на автопатот Охрид Кичево започна во  февруари 2014 година, проектот имаше бројни недостатоци и застој со години. Последниот рок за негово конечно пуштање во употреба е крајот на 2026 година.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани