Професорот Перчо Божиноски, воедно претседател на Советот на општина Охрид ќе биде носител на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
-Со гордост ја објавуваме најсилната, најподготвената и најодговорната листа на кандидати за членови на Советот на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ за претстојните локални избори.
Носител на оваа победничката и мнозинска листа е актуелниот претседател на Советот, Перчо Божиновски.
Ги обединивме искуството и младоста, енергијата и мудроста, визијата и традицијата. Тим на чесни, вредни и посветени луѓе кои работат за доброто на Охрид и охриѓани, пишуваат од ВМРО ДПМНЕ Охрид.

