Метеоаларм за земјава, во Охрид претежно сончево со можност за засилен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм поради очекувано нестабилно време во текот на денешниот ден.

Според прогнозата, на повеќе места во земјава ќе има повремени врнежи од дожд, пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се очекуваат услови за невреме проследено со појава на град. Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.

Во охридскиот регион, пак, се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност и температура до околу 28 степени. Можно е локално краткотрајно зголемување на облачноста, но без најава за поизразена нестабилност. За регионот е издадено жолто предупредување поради засилен ветер, кое е во сила до 18 часот.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни при престој на отворено и редовно да ги следат најновите временски информации поради можноста за брзи промени на временските услови.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани