Пијан возач со „ауди“ излетал од патот

38-годишен охриѓанец со автомобил „ауди“ излетал од патот на кружниот тек меѓу булеварите „Туристичка“ и „АСНОМ“ во Охрид. Алкотестирањето покажало дека возачот управувал со 1,51 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај. По насоки на јавен обвинител, возилото му е одземено, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување моторно возило.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани