Давкова: Да покажеме волја, одговорно да се однесуваме кон Охрид

Деновиве  Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ќе ја донесе една од најважните одлуки за иднината на Охридскиот Регион. Повторно ќе се распарава по предлогот регионот да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност

Владата  бара дополнителен рок од шест години за спроведување на препораките, додека,  претседателката Гордана Силјановска-Давкова порачува  решеноста за заштита на Охрид мора да се покаже со конкретни дела.

 „Се разбира дека би сакала да добиеме уште една шанса. Но, она што говори во наша полза не е само да се справиме со проблемите што се очигледни, туку да покажеме отворена волја и подготвеност да почнеме одговорно да се однесуваме кон Охрид,рече претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Препораките на УНЕСКО со години укажуваат на потребата од поефикасна заштита на природното и културното наследство.

„Мораме со конкретни чекори, со план и со рокови да покажеме дека сме одговорни кон признанието дека ова е исклучително богатство. Она што е под заштита на УНЕСКО не е само македонско, не е само наше, туку е цивилизациска придобивка“, истакна Давкова.

По конечната одлука на Комитетот за УНЕСКО  ќе биде познато дали Охридскиот Регион ќе биде впишан на Листата на светско наследство во опасност или ќе добие дополнителен период за спроведување на корективните мерки.

 Новинар Соња Рилковска
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани